# started 2014-09-02T08:16:51Z "Геометријата (старогрчки: γεωμετρία; гео = Земја, метрија = мерење) е дел од математиката концентриран на прашања поврзани со големината, формите и релативмната позиција на фигурите во просторот. Геометријата е една од настарите науки. Основите на практичното знаење за должина, површина и волумен се познати уште од третиот век п.н.е. кога геометријата добила аксиоматичка форма од страна на Евклид со што се нарекла Евклидова геометрија која била стандард за многу векови подоцна."@mk . "Историја е поим што означува сознанија за минатото. Кога се користи како име за поле на студии, „историја“ се однесува на изучување и објаснување на минатото на човечките општества. Поимот „историја“ потекнува од грчкиот збор \"ιστορία\" или historia, што значи расказ, иследување, испитување односно познавање на она што е испитано и ја дели истата етимологија со англискиот збор story (приказна). Во поширока смисла на зборот, историја е се што се случило, како во човечкиот живот, така и во природниот свет."@mk . "Битола е град во југозападниот дел на Македонија. Битола е административен, културен, економски, индустриски, образовен и научен центар за тој дел од Македонија. Градот е познат под името град на конзулите бидејќи тука се наоѓаат дел од конзуларните претставништва во Република Македонија. Битола е втор по големина град во Македонија според бројот на жители. За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФР Југославија. Таткото на турската нација Кемал Ататурк завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во Битолскиот Народен музеј."@mk . "Македонска граматика — дел од науката за македонскиот јазик, позната како македонистика, која ги изучува формите и значењата на граматичките елементи во системот. Македонската граматика се занимава со опишување, изучување и класификација на сложениот систем составен од именки, глаголи, придавки, предлози, прилози, заменки, извици, честички, модални зборови и броеви. Паралелно со тоа, оваа јазична дисциплина се дели на неколку големи гранки, во зависност од темата која се изучува, па така има правопис и правоговор, морфологија, синтакса, фонетика и фонологија, лексикологија, лексикографија, стилистика, дијалектологија и ономастика. Граматиката на македонскиот јазик и неговите говори била изучувана подолг период во минатото. Како прва печатена граматика на македонскиот јазик се јавува „Слогница речовска“, издадена во 1880 година во Софија од македонскиот преродбеник и револуционер Ѓорѓија Пулевски. „Слогница речовска“ е еден од првите обиди за опис на современата македонска граматика, која требало да излезе во неколку делови и била наменета за општо изучување на јазикот. Покрај „Слогница речовска“, важно е да се наведе и првата печатена македонска граматика во слободна Македонија, односно граматиката на Круме Кепески издадена во 1945 година веднаш по стандардизирањето на јазикот. Меѓу овие две граматики се јавуваат и други значајни обиди за печатење на македонската граматика, кои се фокусирале на класификацијата и опишувањето граматика за општото изучување на јазикот. Денес постојат поголем број печатени македонски граматики, печатени на македонски или на некој од светските или европските јазици."@mk . "Информатика е наука која ги изучува теориските основи на информацијата и сметањето и нивната примена во компјутерски системи (било да се апстрактни или не)."@mk . "Периодниот систем на хемиските елементи е табела која ги содржи основните и најважни податоци за елементите кои до денес се откриени, како што се електронската конфигурација, вредностите за електронегативноста, атомскиот (реден) број, хемискиот симбол и сл. За прв пат овој систем бил конструиран од рускиот научник Димитриј Иванович Менделеев, па затоа понекогаш е познат и како Менделеев систем.Периодниот систем се состои од хоризонтални низи (редови) наречени периоди и вертикални низи (колони) наречени групи. Постојат седум периоди, а бројот и означувањето на групите може да биде најразличен.Елементите во периодниот систем се подредени според растење на атомскиот (односно редниот) број на хемискиот елемент. Бидејќи во атомот бројот на електрони е еднаков со бројот на протони (т.е. атомскиот број), следува дека кај секој следен елемент, освен бројот на протони, и бројот на електрони се зголемува за еден."@mk . "Борис Трајковски (Струмица, Македонија, 25 јуни 1956 - Мостар, Босна и Херцеговина, 26 февруари 2004) бил македонски политичар и втор претседател на Македонија, од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година, кога неговиот мандат завршил со трагичната смрт во авионска несреќа."@mk . "Хелиум (хемиски елемент) е инертен и наjлесен гас по водородот. Атомски број е 2, атомска маса изнесува 4.002602. Хелиумот се употребува за полнење на воздушните балони, за разблажување на кислородот и во хемиските лаборатории.Интересни факти: хелиумот не е отровен за човечкиот организам и може да биде вдисувам во одредени колицества, интересното е што кога тој се испушта поради неговата помала густина од воздухот, двојно побрзо ги струи гласните жици и така се добива танок пискав глас."@mk . "Бакарот е хемиски елемент. Тој е црвеникав метал што има широка примена. Атомски број му изнесува 29, додека атомската маса е 63.546.Се смета дека бакарот е првиот метал кој човекот почнал да го користи, во почетокот како чиста подoцна како легура-бронза.Во мали количества,бакарот може да се сретне слободен во природата,што се зема како причина за неговото откривање и користење уште од најраниот период-Бакарот влегува во состав ха повеке минерали со различен хемиски состав од кои и се добива.Најпознати од нив се-халкозин,халкопирит(сулфиди),купирит(оксид)и малахит (карбонат).-Бакарните руди спаѓаат бо т.н. сиромашни руди поради што при добивањето прво се отстранува дел од јаловината.Потоа,добиениот руден концентрат од сулфидна руда се пржи и преминува во оксид на бакарот.Одземањето на кислородот,редукцијата,се врши со кокс кој претставува речиси чист јаглерод.Суровиот бакар содржи примеси од Au и Ag,а се пречистува од нив сo електролиза."@mk . "Киро Глигоров, родено име Киро Панчев, (Штип, 3 мај 1917 - Скопје, Македонија, 1 јануари 2012) бил активист на македонското студентско и комунистичко движење, македонски и југословенски правно-економски стручњак, политичар и државник, прв претседател на самостојна и независна Република Македонија. По завршувањето на основното образование во родниот град, во периодот помеѓу 1924 – 1928 година, учел во Машката гимназија во Скопје,во периодот помеѓу 1932–1936 година. Учествувал во Литературната дружина, а потоа во ученичката Група Македонци што прераснала во националнополитичката тајна Македонска младинска револуционерна организација, под раководство на Димче Аџимитрески и во врска со комунистичкиот партиски функционер Кочо Рацин, со клоновите и во други градови во Македонија, во периодот 1932–1934 година. По убиството на кралот Александар настануваат апсења и прогони, а Организацијата замрела. По матурирањето се запишува на Правниот факултет во Белград, каде што студирал во периодот помеѓу 1936–1940 година, во престолнината на Кралството Југославија се вклучил како член, а извесно време и како секретар на Културно-уметничкото друштво „Вардар“. Заедно со загрепските членови на Културно-уметничкото друштво „Вардар“ учествувал во Македонското народно движење, а за време на летниот одмор и водејноста на Студентската колонија во Охрид. Како студент од трета година, во настанатата провала тој за првпат бил уапсен, но поради немање докази бил ослободен. Во затворот ја составил песната „Ленка“ што останала многу популарна и во текот на Народноослободителната борба во Вардарска Македонија.По дипломирањето се вработил како приправник во адвокатска канцеларија во Белград, 1940 година. По германското бомбардирање на Белград, во текот на Априлската војна се вратил во Скопје како правник во еврејската „Вардар-банка“, а потоа отворил своја адвокатска канцеларија, која функционирала во периодот помеѓу 1941–1943 година, во текот на овие години дејствува во контакт со Кузман Јосифовски, којшто живеел илегално во куќата на Глигоровата тешта.Во есента на 1943 година станал член на Антифашистичкиот народноослободителен комитет (АНОК), формиран во Скопје по иницијатива на Кузман Јосифовски. По разгледувањето на објавувањето на Манифестот на Главниот шт