# started 2014-08-16T14:20:33Z "Геометријата (старогрчки: γεωμετρία; гео = Земја, метрија = мерење) е дел од математиката концентриран на прашања поврзани со големината, формите и релативмната позиција на фигурите во просторот. Геометријата е една од настарите науки. Основите на практичното знаење за должина, површина и волумен се познати уште од третиот век п.н.е. кога геометријата добила аксиоматичка форма од страна на Евклид со што се нарекла Евклидова геометрија која била стандард за многу векови подоцна."@mk . "Историја е поим што означува сознанија за минатото. Кога се користи како име за поле на студии, „историја“ се однесува на изучување и објаснување на минатото на човечките општества. Поимот „историја“ потекнува од грчкиот збор \"ιστορία\" или historia, што значи расказ, иследување, испитување односно познавање на она што е испитано и ја дели истата етимологија со англискиот збор story (приказна)."@mk . "Битола е град во југозападниот дел на Македонија. Битола е административен, културен, економски, индустриски, образовен и научен центар за тој дел од Македонија. Градот е познат под името град на конзулите бидејќи тука се наоѓаат дел од конзуларните претставништва во Република Македонија. Битола е втор по големина град во Македонија според бројот на жители. За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФР Југославија."@mk . "Македонска граматика — дел од науката за македонскиот јазик, позната како македонистика, која ги изучува формите и значењата на граматичките елементи во системот. Македонската граматика се занимава со опишување, изучување и класификација на сложениот систем составен од именки, глаголи, придавки, предлози, прилози, заменки, извици, честички, модални зборови и броеви."@mk . "Информатика е наука која ги изучува теориските основи на информацијата и сметањето и нивната примена во компјутерски системи (било да се апстрактни или не)."@mk . "Периодниот систем на хемиските елементи е табела која ги содржи основните и најважни податоци за елементите кои до денес се откриени, како што се електронската конфигурација, вредностите за електронегативноста, атомскиот (реден) број, хемискиот симбол и сл."@mk . "Борис Трајковски (Струмица, Македонија, 25 јуни 1956 - Мостар, Босна и Херцеговина, 26 февруари 2004) бил македонски политичар и втор претседател на Македонија, од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година, кога неговиот мандат завршил со трагичната смрт во авионска несреќа."@mk . "Хелиум (хемиски елемент) е инертен и наjлесен гас по водородот. Атомски број е 2, атомска маса изнесува 4.002602. Хелиумот се употребува за полнење на воздушните балони, за разблажување на кислородот и во хемиските лаборатории.Интересни факти: хелиумот не е отровен за човечкиот организам и може да биде вдисувам во одредени колицества, интересното е што кога тој се испушта поради неговата помала густина од воздухот, двојно побрзо ги струи гласните жици и така се добива танок пискав глас."@mk . "Бакарот е хемиски елемент. Тој е црвеникав метал што има широка примена."@mk . "Киро Глигоров, родено име Киро Панчев, (Штип, 3 мај 1917 - Скопје, Македонија, 1 јануари 2012) бил активист на македонското студентско и комунистичко движење, македонски и југословенски правно-економски стручњак, политичар и државник, прв претседател на самостојна и независна Република Македонија. По завршувањето на основното образование во родниот град, во периодот помеѓу 1924 – 1928 година, учел во Машката гимназија во Скопје,во периодот помеѓу 1932–1936 година."@mk . "Географијата (земјопис, од старогрчки: γεω „земја“ и γραφία „опишува“) е дескриптивна наука која своето внимание го насочува кон опишувањето на планетата Земја. Во потесна смисла, географијата е и природна и општествена наука, бидејќи ги проучува и опишува сите форми на земјината површина и сите природни појави што настануваат на неа и во атмосферата од една, и населението (како дел од Земјата) и неговата стопанска дејност, од друга страна."@mk . "Хемијата (на грчки: χημεία) е природна наука што се занимава со проучување на структурата и својствата на материјата, како и промените кои настануваат при хемиските реакции. Хемијата претставува физичка наука која ги изучува различните типови на атоми, молекули, кристали и други типови на агрегати изолирани или во меѓусебни интеракции кои во себе ги вклучуваат концептите за енергија и ентропија во хемиските процеси. Модерната хемија еволуирала од алхемијaта."@mk . "Поврзано: Список на градови во Република Македонија .Ова е список на населени места во Република Македонија по општини и градски населби."@mk . "Зборот Математика може да се дефинира како логички строго изучување на теми како квантитет, структура, простор и промена. Друг став до кој се држат многу математичари вели дека математиката е збир од знаења кој претставува предмет на дедуктивно расудување, почнувајќи со аксиоми и дефиниции.Математиката се користи низ целиот свет во сферите на науката, инженерството, геодезијата, медицината и економијата."@mk . "Аритметиката e наука на зголемување и намалување на бројни вредности со директна операција на два или повеќе броеви."@mk . "AEGEE, Асоцијацијата на Европски Студентски Структури (француски: Association des Etats Généraux des Etudiants de l’Europe), е европски студентски форум, една од најголемите интердисциплинарни студентски организации во Европа. Името го добила од Егејското Море и првиот парламент основан во рамките на француската револуција.AEGEE претставува студентска, невладина, неполитичка, непрофитабилна организација."@mk . "Структурата на одредено нешто ги означува врските меѓу деловите од кои е составено тоа нешто. Структура е поим спротиставен на поимот процес, што означува како едно нешто работи; но на секој процес неопходна му е соодветна структура. И реалноста и човечкиот јазик имаат структура. Една од целите општата семантика, како и на науката воопшто, е да создаде и користи јазик чија структура е во складност со структурата на реалноста.io:Strukturo"@mk . "Биологијата (од грчките зборови bios = живот и logos = наука) e наука за живите суштества и животот воопшто. Во потесна смисла, таа ги изучува карактеристиките и поведението на организмите, нивното потекло и меѓусебни односи, како и односи со животната средина (биотопот), нивната морфолошко-анатомска организација како и нивниот биохемиско-физиолошки строеж."@mk . "Геологијата е наука за настанувањето, градбата и составот на Земјата, наука за процесите и пројавите што настанувале и настануваат на површината од Земјата и во нејзините длабочини. Научниците кои што се занимаваат со проучувањето на оваа наука се викаат геолози. Зборорот „геологија“ за прв пат го употребил Жан Анри Делик (1727-1817) во 1778 година, а терминолошки го дефинирал Хорас Бенедикт од Сосура (1740-1799) во 1779."@mk . "Република Македонија е република со мешовит тип на организација на власта. Единствено отстапување од мешовитиот тип на организација на власта и, општо, од принципот на поделба на власта е уставното решение Собраниет